Двајца мотоциклисти се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Струга- Дебар.
До несреќата дошло кога џип со струшки регистарски таблички удрил во група мотоциклисти, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди, пренесува „Охрид њуз“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информирал дека мотоциклите на повредените биле со италијански таблички.
Едниот од нив е пренесен во струшката Општа болница, а другиот во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
И двајцата мотоциклисти се надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун