– Почитувани сопартијци, драги пријатели, на локални избори ќе одиме, предвремени парламентарни избори ќе има- рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, на вечерашната седница на Централен Одбор.
– Денешниот договор, за кој гарант е Европската Унија, покажа дека тогаш кога сме доследни и упорни, кога сме цврсти, кога сме заедно, кога сме сплотени, и што е најважно, кога правдата и вистината се на наша страна, се може да се постигне. Веднаш по локалните избори почнуваат преговорите за предвремени парламентрани избори. Почитувани граѓани, ви благодарам на поддршката што ни ја дававте и што ни ја давате. Оваа битка ја почнавме заедно, оваа битка ќе ја продолжиме заедно, се до крај, до конечната победа- изјави лидерот на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.