| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас за деловен простор во катната гаража „Разловечко востание“

катна гаражаПравните субјекти од денеска може да пројават интерес за деловниот простор во новата катна гаража „Разловечко востание“. Огласот го објави Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а се однесува на 3.200 квадратни метри. Директорот на претпријатието Цветко Грозданов истакна дека цената ќе биде пониска за 20 проценти во однос на околината и очекува интерес од компаниите, бидејќи станува збор за нова градба која ги исполнува сите стандарди и што ќе може да се адаптира во согласност со потребите на компаниите. Грозданов ги повика заинтересираните да се јават на огласот за да може да се планира просторот и соодветно да се раздели во согласност со нивните потреби. Од 3.200 квадратни метри деловен простор четири се на приземјето, а другите 2.900 квадратни метри се распоредени на другите четири ката.

– Интенцијата е да ги дадеме под закуп, но доколку има интерес може претпријатието да одлучи дел или целосно да го продаде на одреден правен субјект на јавна лицитација- изјави Грозданов.

Тој додаде дека сѐ уште не може да ја каже цената бидејќи таа зависи од пројавата на интерес, поделбата и ентериерното уредување на просторот. Целта ни е,  потенцира, на овој простор да му дадеме една раздвиженост. Катната гаража официјално беше пуштена во употреба на 2-ри овој месец. Грозданов најави дека катната гаража „Солунски конгрес“ ќе биде пуштена во употреба на почетокот на септември.

cvetko-grozdanovОдговарајќи на новинарско прашање за цената на квадратот на становите, рече дека тенденцијата е дека расте и дека постоењето на Акционерското друштво е недавање можност за нереално постигнување висока цена.

– Ние едноставно правиме баланс на цената на пазарот за таа да биде прикладна и реална – рече Грозданов.

Посочи дека пред еден месец претпријатието ги издало имотните листови на комерцијални станови во Реонски центар по цена од 795 евра по квадратен метар и оти во градба се станови во индустриска зона по цена од 850 евра која, како што рече, за тој дел од градот е пониска за 10 до 15 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top