| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу се гради во скопскиот и во полошкиот регион

градење
Во јуни годинава се издадени 169 одобренија за градење, што е за 6,1 процент помалку во однос на јуни претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.933.421 илјади денари, што е за 28,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 126 (74.6 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10.6 отсто) за објекти од нискоградба и 25 (14.8 отсто) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 169 објекти, на 119 (70.4 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 50 објекти (29.6 отсто) инвеститори се деловни субјекти.

Во овој период е предвидена изградба на 292 стана со вкупна корисна површина од 26 765 м2.
Најмногу одобренија, 54 се издадени во скопскиот, потоа 37 во полошкиот, 20 во југозападниот, 15 во пелагонски, по 14 во вардарскиот и југоисточниот и девет во источниот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top