| четврток, 6 декември 2018 |

Вака ќе изгледа комплексот до „Рамстор“ (галерија)

„Лимак“ е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопатишто, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

image002

Денес компанијата објави соопштение дека компанијата почна со подготвка на теренот меѓу Музеј на град Скопје и „Рамстор мол“ на местото каде што треба да се изгради атрактивниот комплекс. Во соопштението се вели дека мрежа од инфраструктурни текови, водоводни цевки и други инсталации, кои му служат на градот се наоѓаат во внатрешноста на земјиштето во сопственост на „Лимак груп“. Овие инфраструктурни инсталации треба да се релоцираат, возобноват и повторно стават во функција.

По завршување на овие подготвителни градежни работи, „Лимак“ очекува дека сите дозволи за проектот ќе бидат комплетирани и многу наскоро ќе почне со изградба на подземна сообраќајница во централното градско подрачје на Скопје, а потоа и со планираниот мултифункционален комплекс.

image003

Станува збор за тунел, модерна подземна сообраќајница , со двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри по Јужен булевар, и кој во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.  Овој проект кој е во согласност со деталниот урбанистички план на град Скопје, пред чие донесување беа извршени неколку месечни геомеханички испитувања на земјиштето, ќе биде од особено значење за централното градско подрачје.

Од компанијата потврдуваат дека во Скопје ќе се гради атрактивен, мултифункционален комплекс лоциран зад Музеј на град Скопје, покрај просторот меѓу булеварот Св.Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков.  Постојната зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во комплексот. Проектот вклучува четири 20 катници со резиденцијални апартмани, деловен простор, трговски центар, хотел, ресторани, простор за културни настани, фитнес-центар, паркинг и други функционални објекти.

Фотографиите покажуваат приближно како ќе изгледа овој комплекс, кој ќе го смени ликот на главниот град.

извор: скопје инфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top