
Поранешната сопруга на Мајк Џексон и пејачка Лиза Мери Присли наводно не му е вистинска ќерка на кралот на рокенролот Елвис Присли, тврди американскиот неделник „Нешенел Енквајер“.
Како што објави магазинот, покренат е судски спор кој би требало да докаже дали Лиза Мери е вистинска ќерка на Присли, кој почина пред 37 години.
Наводно, сега се појавила вистинската ќерка н Елвис и има докази дека Лиза Мери не е вистинската ќерка.
Не е првпат да се шпекулира на оваа тема. Наводно, кога Присли починал, неговите соработници ја сокриле неговата вистинска ќерка која растела под друго име, далеку од очите на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


