| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија ќе стори се за прекин на братоубиствената војна

Рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е во посета на полуостровот Крим, изјави дека Русија ќе стори се што е во нејзина моќ за прекин на конфликтот во Украина.

путин-4-

На средбата во Јалта со пратениците од Државната дума, Путин ја опиша ситуацијата во Украина како крвав хаос и братоубиствен конфликт.

Тој посочи дека секој ден ситуацијата во Украина станува се подраматична и предупреди дека во југоисточна Украина има „масовна хуманитарна катастрофа“.

Путин увери дека Русија внимателно следи што се случува во нејзините соседи.

– Ќе сториме се што зависи од нас, за да може конфликтот во Украина да прекине што е можно побрзо и да не се пролева повеќе крв – истакна Путин.

Тој посочи дека Русите треба да се мобилизират за доброто на својата земја, но нагласи дека тие немаат потреба од стапување во конфликти со надворешниот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top