| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија ќе стори сѐ за прекин на конфликтот во Украина

putin1
Рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е во посета на полуостровот Крим, изјави дека Русија ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за прекин на конфликтот во Украина.
На средбата во Јалта со пратениците од Државната дума, Путин ја опиша ситуацијата во Украина како крвав хаос и братоубиствен конфликт.
Тој посочи дека секој ден ситуацијата во Украина станува сѐ подраматична и предупреди дека во југоисточна Украина има „масовна хуманитарна катастрофа“.
Путин увери дека Русија внимателно следи што сѐ случува во нејзините соседи.
– Ќе сториме сѐ што зависи од нас, за да може конфликтот во Украина да прекине што е можно побрзо и да не се пролева повеќе крв – истакна Путин.
Тој посочи дека Русите треба да се мобилизират за доброто на својата земја, но нагласи дека тие немаат потреба од стапување во конфликти со надворешниот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top