| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон и кралицата Елизабета се во лоши односи

кралица
Кејт Мидлтон и бабата на принц Вилијам, поточно кралицата Елизабета, се во лоши односи.

Се чини дека во овој двобој сега за сега победува младата Кејт. Нејзината најголема победа над кралицата е тоа што таа успеа да го убеди сопругот Вилијам да се преселат од палатата.

– Сакам нормален живот – изјавила Кејт, отфрлајќи го на тој начин обидот на кралицата да ја контролира. Вилијам застанал на страна на својата сопруга додека кралицата смислувала како да ги казни за ваквата непослушност.

Сопружниците се преселиле на село. Кралицата, наводно е многу незадоволна поради ваквата нивна одлука иако токму таа им го поклонила имотот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top