| четврток, 6 декември 2018 |

Луганск гранатиран – гинат голем број цивили

Најмалку 22 жители на Луганск погинаа во гранатирањата во текот на изминатите 24 часа, јавија француските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од градот.

Clashes escalate in eastern Ukraine

– Гранатирани се источните области на градот. Погодени се автобус, продавница и неколку стамбени згради, изјави локалниот функционер, кој сакаше да остане анонимен.

Руските медиуми го пренесуваат соопштението на градскиот совет на Луганск дека во интензивното гранатирање на источните квартови погинале многу цивили.

„Според информации на очевидците, ранети се и погинати многу цивили. Нивниот точен број се уште се утврдува“, се наведува во соопштението на локалните власти од Луганск и притоа се потсетува дека веќе 12 дена во градот нема струја, ниту вода, а не работат ниту телефонските врски и многу продавници и банки се затворени.

Според информации на ОН, од средината на април до 26 јули во Украина погинале повеќе од 1.100 цивили, а повеќе од 3.400 се ранети, потсетуваат руските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top