| четврток, 6 декември 2018 |

Неподвижни и озрачени преколнуват да им ги скратат маките: Вознемирувачки снимки од хемискиот напад во Сирија (ФОТО+ВИДЕО)

Во еден од најголемите и најбруталните напади на цивили во Сирија од токсичен гас загинаа повеќе од 70 цивили, од кои дваесетина деца. Набрзо по труењето болницата во провинцијата Идлиб, во која се сместени жртвите на нападот со хемиско оружје, била погодена од ракета, која уништила дел од зградата.
Од местото на настанот пристигнуваат натажните и најсуровите фотографии и снимки што некогаш ги видел човекот, а некои од нив ги објавија и Телеграф и други светски медиуми.


Сепак, на интернет протече и снимка од нападот кој бил пренесуван во жив на Фејсбук. На снимката може да се видат тела како лежат насекаде на земјата, некои неподвижни, а некои живи, може да се види како на луѓето им излегува пена на устата, да се слушнат крици за помош, лелеци, паника, но и да се видат стравични сцени како телата на убиени деца се сместуваат во приколки и багажници.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СНИМКАТА Е МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКА

Цивилите настрада од задушување и како последица на руење во Кан Шеикун, град во северозападната провинција Идлеб, кој е под контрола на бунтовниците.
САД, Велика Британија и Франција презентираа синоќа Нацрт-резолуција во Обединетите нации со која се осудува нападот со хемиско оружје во Сирија и бараар итна и брза истрага.

Агенцијата АФП, која го видела нацртот на Резолуцијата, пишува дека трирте земји бараат од Организацијата за забрана на хемиско оружје итно да излезе до заклучок за овој напад.
Трите земји најавија дека денес ќе побараат оваа Резолуција да биде изгласана на сесијата на ОН во Њујорк. Но, ставот на Русија досега не го кажа својот став по ова прашање.

Целта на истрагата е да се утврди кој е автор на овој напад со хемиско оружје а нацртот на Резолуцијата бара од Сирија да ги покаже сите планови на нејзините воени авиони и воени операции во текот на нападот. Текстот се заканува да воведе санкции според поглавието 7 на Повелбата на ОН.

Во февруари, претходното барање за санкции врз Сирија беше блокирано од Кина и Русија. Дамас беше обвинет дека во 2014 година и 2015 година извршил исто така хемиски напад врз сириските села.

Сириската армија вчера демантираше било каков напад со хемиско оружје како и секогаш досега од почетокот на војната во 2011 година.

Според британскиот амбасадор во ОН Метју Рејкрофт, станува збор за воено злостроство и побара од Русија и Кина да не ставаат вето и “да не го бранат неодбранливото”.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон предупреди дека претседателот Асад мора да каже што точно се случило а францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека “сирискиот режим повторно ќе ја негира својата одговорност во овој масакр”.

Видео снимките на сириската опозиција покажуваа ужасни слики на страдањата на жртвите, мртви тела по улиците и лица во грчеви и пена на устата кои се борат за воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top