Еден од главните поттикнувачи на џихадот на Косово, имамот во џамијата Ел Кудуш во Гњилане, Зекерија Чазими, е уапсен изутринава во полициска акција, јавуваат приштинските медиуми.
Косовската полиција соопшти дека во акцијата, која ја спровела изутрината го лишила од слобода З.Ч (34), имам во џамијата Ел Кудуш во Гњилане, кој се сомничи дека бил еден од главните инспиратори на џихадот.
Претходно, косовското семејство Матоши го обвини имамот дека го поттикнувал нивниот осумнаесетгодишен син да му се приклучи на џихадот во Сирија, каде што неодамна бил убиен.
Во рамки на акцијата, како што се наведува во соопштението, е уапсен и вториот осомничен, Л.К (27) од селото Полац, во општината Србица, во северно Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации