| четврток, 6 декември 2018 |

Тужба за „Живанши“ и за Нејман Маркус поради за’рѓан клинец во чизмите

Шопингот е активност што треба да предизвика уживање и среќа, а не болка и шок. Но, на фитнес инструкторката Андреа Притчет ѝ се случило токму ова второто. Таа купила прекрасни црни чизми на „Живанши“, што успеала да ги најде на распродажба кај Нејман Маркус. Сепак, среќата не траела долго бидејќи кога ги пробала, почувствувала дека во петата има нешто, пропратено со болка. Во внатрешноста на чизмата се криел за’рѓан клинец.

– Почувствував дека имам нешто кај стапалото и веднаш сакав да го извадам. Се шокирав кога видов дека има шајка во обувката – изјави Андреа за „Њујорк пост“.

Zivansi-650x324

Менаџерите веднаш се обиделе да ѝ помогнат носејќи ѝ фластер. Притчет успеала да ја фотографира чизмата, а потоа веднаш е префрлена во болница, каде што примила инјекција против тетанус и силни антибиотици.

Засега сѐ уште нема никава реакциjа ниту од „Живанши“ ниту од Нејман Маркус, а фитнес инструторката поднесе тужба од 75.000 долари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top