| четврток, 6 декември 2018 |

Јанузај ја доби легендарната „11“ на Гигс

Младиот белгиски фудбалер Аднан Јанузај од наредната сезона ќе го носи дресот со број 11, кој му припаѓаше на легендарниот фудбалер на Манчестер jунајтед, Рајан Гигс.

Тој по завршувањето на минатата сезона и официјално замина во пензија, а на негово барање тимот нема да го повлече дресот со овој број од употреба.

Неговата легендарна „единаесетка“ доби нов сопственик, а тоа е младата надеж на тимот од „Олд трафорд“, Аднан Јанузај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top