Бранителот на трофејот на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“, Металург, синоќа беше поразен од францускиот тим Кретеј со 24-21 на отварањето на турнирот.
Екипата на Металург не успеа да се справи со одличната одбрана на Французите, каде што настапува и македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски. Поголем дел од мечот помина во израмнета игра и резултат, а решавачкиот момент беше во 52. минута кога екипата на Кретеј направи разлика од четири гола (21:17).
Ренато Вугринец со шест погодоци беше најпрецизен и прогласен за најдобар играч во тимот од Автокоманда, а во спротивниот табор најдобар беше Хуго Деша со 10 постигнати гола.
Во вториот натпревар одигран доцна синоќа руската екипа Санкт Петербург убедливо ја совлада Металопластика (Србија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.