| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени учесници во инцидентот за време на протестот пред Владата

Дел од учесниците во протестот што попладнево околу 16 часот се одржа пред Владата, а во врска со наименувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, предизвикале инциденти фрлајќи камења и тврди предмети кон полициските службеници кои го обезбедувале протестот.

Како што информираат од МВР, распоредените полицајци пред Владата интервенирале, по што толпата е потисната, а инволвираните во инциднетите се разбегале првично кон плоштадот „Македонија“ и кон железничката станица.

GEO05

Во инцидентите, според првичните информации неколку возила на полицијата се оштетени, а неколкумина полицајци се пожалиле на повреди здобиени во инцидентот.

Информациите од теренот велат дека неколку од учесниците на протестот продолжиле да се однесуваат агресивно, при што најверојатно се оштетени неколку приватни возила, демонстрантите каменувале и неколку автобуси.

Досега неколку лица се приведени, а полицијата активно на теренот работи за смирување на состојбата и за приведување на учесниците во инцидентите. Според првичните информации на местото на инцидентот имало амбулатно возило – брза помош, а се уште не е потврдено дали има повредени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top