| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Се родија 30 ГМО бебиња

bebinja trojka

Успешно се развиваат бебињата од првата генерација генетски модифицирани луѓе во САД. Станува збор за 30 здрави бебиња кои се резултат на низа експерименти на генетски инженеринг, што предизвика големи дебати во САД, пишува „Дејли мејл“.

Засега се извршени испитувања врз две денеска веќе едногодишни бебиња и кај нив се најдени гените на тројца „родители“, односно луѓе чиј генетски материјал е земен за создавање на овие бебиња.

Во двата случаја станува збор за генетски материјал на две жени и еден маж. Бебињата се експеримент на Институтот за репродуктивна медицина и наука Сент Барнабас во Њу Џерси.

Генетичарите кои се противат на генетското модифицирање на луѓето велат дека вака се создава практично нова, вештачка раса. На ова, се разбира, се противат и верниците од сите религии кои сметаат дека Бог ги создал луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top