| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп постави замка за Баерн, Борусија го победи лутиот ривал и го освои Суперкупот (видео)

Јирген Клоп го надмудри Пеп Гвардиола, а Борусија Дортмунд го надигра лутиот ривал Баерн Минхен и со победа од 2-0 го освои германскиот Суперкуп.

Михатријан со убав гол во 23. минута најави славје во Дортмунд, а победата ја потврди Обамејанг со погодок во 62. минута. Двајцата тренери комбинираа со составите, а поуспешен беше Клоп, кој важи за еден од најдобрите млади стратези на планетата. Овие два тима според најавите би требало да бидат и главни кандидати за титулата во новото издание на Бундеслигата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top