| четврток, 6 декември 2018 |

900 Французи војуваат на Блискиот исток

kazne-bernar1Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска изјави дека приближно 900 државјани на Франција учествуваат во борбите на Блискиот Исток и оти некои од нив се придружиле на Исламска држава.

Тој наведе дека и покрај напорите на Париз да ги обесхрабри Французите да се приклучуваат кон екстремистичките групи, расте бројот на млади Французи кои војуваат на страна на џихадистите.

– Сега има речиси 900 државјани на Франција кои учествуваат во судирите во Сирија и во Ирак, посочи Казнев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top