| четврток, 6 декември 2018 |

Во авионска несреќа: Загина претседателски кандидат во Бразил

brazil-nesrekja-avion

Кандидатот за претседателските избори во Бразил, Едуардо Кампуш загина во авионска несреќа во сојузната држава Сао Паоло, јави бразилската телевизија „Глобо“.

Кампуш (49) беше кандидат на Социјалистичката партија на изборите што треба да се одржат во октомври. Тој патувал со приватен авион од Рио де Жаниеро кон Сантос.

Авионот, со петмина патници и двајца пилоти се урна во стамбен кварт во Сантос во момент додека се обидувал да слета на локалниот аеродром.

Според бразилските ВВС, цитирани од „Глобо“ загинале сите седум луѓе кои патувале со авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top