| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид: Ревија на олдтајмери на 15 и 16 август

oldtajmer

Во Охрид на 15 и 16 август првпат ќе се одржи ревијална изложба на автомобили – олдтајмери.

Четириесеттина возила стари повеќе од 50 години ќе бидат претставни пред гостите во Охрид, и тоа на три локации во градот – на плоштадот кај стариот чинар, на Кејот на Охридското Езеро и на плоштадот „Свети Климент Охридски“.

На ревијата на која најстариот примерок е произведен во далечната 1931 година ќе учествуваат и гости со своите возила од соседните држави.

Покрај изложбениот дел, вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат  и ревијалното возење предвидено за в сабота, од 14:30 часот до месноста Св. Наум и во 20.30 часот до хотелот Инекс Горица.

Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи од Македонија, Бугарија и Србија. Се очекува во иднина манифестацијата да  добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери.

Ревијалната изложба на автомобили – олдтајмери е во организација на Општина Охрид и АКК „Примо авј“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top