Мелнички мост, кој не е реконструиран повеќе од 50 години, е во интензивна градба. Се очекува да биде пуштен во употреба до месец септември.
-Очекуваме наредниве дена да се отпочне со поставување на хидроизолација, по што би следувало поставување на завршен асфалтен слој – изјави директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски, кој денеска заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешески, го пушти во употреба реконструираниот локален пат што го поврзува манастирот „Св. Јован Бигорски“ со регионалниот пат Маврово-Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.