Косовското специјално обвинителство потврди денеска дека вкупно 96 лица се под сомневање дека се вклучени во терористички активности и организации и заминување во војните во Сирија и Ирак.
Со оваа бројка, не се опфатени околу сто луѓе, за кои се претпоставува дека учествуваат во борбите во Сирија и Ирак.
Медиумите во Приштина пренесуваат дека квалификацијата за „сомневање за терористички активности“ ја зголемила ангажираноста во обвинителството на Косово и дека засега се знае оти во досиејата на обвинителството вкупно 96 лица се осомничени оти се вклучени во групи кои организираат заминување во војна во Сирија.
Специјалното обвинителство на Косово објави дека до јуни годинава евидентирале 36 лица во вкупно 13 случаи на истрага под сомневање за учество во војните во Сирија и Ирак и планирање на терористички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации