| четврток, 6 декември 2018 |

Победете го попладневниот замор

 замор 2

Редовното вежбање би требало да ни обезбеди дополнителна сила, да ја зголеми енергијата. Зошто тогаш многумина од оние кои вежбаат се жалат на чест попладневен замор? Фитнес стручњаците велат дека без разлика дали вежбате наутро, попладне или навечер, малите промени во рутината може да ве спасат од замор во текот на денот.

Не е важно каде вежбате:

– Спијте доволно, пожелно е од седум до осум часа.

– Пијте доволно вода. Количината зависи од вашиот организам и видот на тренингот.- Изедете избалансиран оброк со јаглехидрати и протеини еден час пред тренингот.

– На секои три часа консумирајте здрава ужина како бадеми или јаболки.

– Подмрднете се на секои два часа. Прошетајте за време на ручекот, качувајте се по скали или истегнете се. Прошетката од 10 минути може да ви ја поврати силата на два часа.

– Менувајте ги видовите на вежбите и интензитетот. Ако редовно имате кардио тренинг, воведете во фитнес рутината и вежби на изджрливост, на рамнотежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top