
Турскиот министер за транспорт и информации Љутфи Елван потврди дека идниот, трет, аеродром во Истанбул ќе го носи името на досегашниот премиер Реџеп Таjип Ердоган, кој во неделата беше избран за 12. претседател на Турција, објави денеска весникот „Заман“.
Елван истакна дека во изминатите 12 години Ердоган имал „мошне голема улога за благосостојбата и напредокот на земјата“.
– Доколку националниот доход се зголеми за четири пати, доколку во земјата е зацврстена стабилноста и таа и натаму се развива енергично, доколку е зголемена конкуретската способност на Турција, сето тоа е заслуга на премиерот Ердоган – рече Елван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


