Меѓу муџахедините што завчера беа уапсени во Kосово има и еден државјанин на Македонија, пренесоа косовските медиуми.
Според весникот „Зери“, станува збор за 32-годишниот Бесим А. Шабани од Скопје, кој долго време престојувал во Урошевац. Освен него, уапсен е и еден Бошњак, Фикрет Kрцо, 23 години.
Kосовската полиција трага по уште 17 Kосовци, кои заедно со 40 лица кои беа уапсени завчера, се осомничени дека се припадници на терористичките организации Исламска држава (ИД) и Ал Нусра.
Водачот на оваа група, Бујар Брахими, за време на завчерашната полициска акција не бил пронајден во неговиот дом, пренесува весникот „Зери“. Брахими, кој потекнува од Митровица, една и пол година бил припадник на ИД во Сирија и е близок пријател на Лавдрим Мухаџери, еден од водачите на оваа група.
Во април годинава Брахими се вратил во Kосово и веднаш почнал да агитира меѓу граѓаните да заминат и да им се приклучат на останатите муслимани во џихадот. Брахими е на чело на листата од 57 лица осомничени за тероризам и за поттикнување тероризам. Со уште 16 осомничени, тој е во бегство.
Во акцијата на полицијата биле затворени два објекта за кои постојат сомнежи дека биле користени за регрутирање на младите луѓе за заминување во Сирија. Станува збор за илегалната и импровизирана џамија во зградата „Термокоса“ во населбата Дарданија во Приштина и за Kулата на сирачињата во Превала, кои, според полицијата, биле зборните места за оваа терористичка мрежа. Постојат сомнежи дека најголемиот дел од 40-те уапсени лица се бореле во Сирија и во Ирак во состав на терористичките организации ИД и Ал Нусра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба



