Шестмина француски алпинисти, меѓу кои и еден искусен водич, исчезнаа во текот на минатата ноќ на падините на врвот Мон Блан, јави дописникот на МИА од Париз.
Спасувачките екипи досега успеаја да ги пронајдат телата на петмина од исчезнатите алпинисти, кои се упатиле во освојување на врвот Егуј д’Аржантиер, минувајќи преку т.н. траса Тур Нуар (Црна кула).
Спасувачите продолжуваат да трагаат по шестиот алпинист, кој официјално сè уште се води како исчезнат.
Причините за смртта на алпинистите не се познати.
Временските услови на француските Алпи и посебно на Мон Блан се многу тешки. Од вчера, со мали прекини, постојано паѓа силен дожд, а облаците се спуштени над падините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



