Волонтери на организацијата за заштита на животните Анима Мунди заедно со алпинист од клубот Матка вчера имале неколкучасовна мисија за спасување на кутре кое паднало во длабока дупа под Железниката станица во Скопје.
Двајца членови на алпинистичкиот клуб, Виктор Трпевски и Владимир Цветковски со опрема за планинарење се спуштиле во дупката и безбедно го извлекле кутрето.
Од Анима Мунди, информираат дека кутрето моментално е во одлична состојба, здраво, живо и весело, има привремено сместување и му бараат траен дом!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.