| четврток, 6 декември 2018 |

Инциденти пред Влада, момчиња фрлаат камења по зградата

Инциденти пред Владата. Млади момчиња фрла со камења кон зградата на Владата и полициските службеници кои го одржуваат редот. Има инциденти и на булеварот Партизански одреди. Сообраќајниот знак на раскрсницата кај Соборен Храм е откорнат. Запрен е сообраќајот. Полицијата ги пренасочува возилата. Главно се малолетни лица. Камења се расфрлани по булеварот. Превртени се контејнерите во близина на Владат. Собрани се околу педесетина полицајци пред Владата. Тука се и специјалните единици.

Протестот на групата собрана да го искаже револтот против Талат Џафери започна пред Владата. Групата тргна кон Рекорд. Оштетени се паркирани возила. Седум полициски возила се упатија кон Собранието. Сообраќајот во центарот на градот е блокиран. Нашите екипи се на терен, наскоро со повеќе информации.

GEO02

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top