Од Синџирот на американски ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ морале јавно да се извинат откако една од клиентите нашла кукаст крст (нацистичкиот симбол) во својата храна.
Шарлин Матис изјавила дека шокантниот симбол бил нацртан на лебот кога го отворила својот пилешки сендвич во еден од рестораните на синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ во Северна Каролина.
Таа раскажува како всушност ова ја допрело и била повредена со оглед на тоа дека нејзиниот татко бил војник за време на Втората светска војна.
– Многу луѓе починаа под и поради тој знак и тоа не е нешто што би требало туку-така да го сфаќаме – изјавила Шарлин за локалната ТВ – станица.
Менаџерот на ресторанот на „Мекдоналдс“ во кој се случил инцидентот и понудил на госпоѓата да и ја промени порцијата но таа го одбила и си ги побарала парите назад. Таа испратила писмо во седиштето на „Мек Доналдс“ по што добила одговор од директорот во тој град дека вработениот кој го направил тој сендвич бил веднаш отпуштен од работа. Инаку, овој нацистички симбол се поврзува и со расизмот и со антисемитизмот и е забранет во многу европски земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



