
Под зајакната полициска заштита во импровизираниот суд во киното АБЦ во Приштина, беа сослушани 40-ната осомничени за учество во борбите во Сирија и Ирак и за поддршка на терористички организации.
Осомничените ги негираа сите наводи на Обвинителството, по што судијата им одреди уште 48 часа притвор.
Претседателот на Основниот суд во Пришина Хамди Ибрахими изјави дека до утре нема да може да донесе одлука за продолжување на притворот или за други мерки, кои се предвидени со закон.
Осомничените под силни безбедносни мерки и во придружба на специјалните полициски единици се вратени во притвор.
Извор кој присустувал на сослушувањето изјави дека неколкумина од приведените се изјасниле дека заминале во Сирија по повик на косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај за да им се помогне на опозициските сили во земјата.
Според претходните написи на приштинските медиуми само четворица од 40 уапсени признале дека учествувале во борбите во Сирија.
Медиумите потсетуваат дека Хоџај во април 2012 година во зградата на косовската Влада изјави дека Владата на Косово се повеќе ќе ја поддржува опозицијата во Сирија.
Косовската полиција во понеделникот уапси 40 лица ширум Косово, кои се осомничени дека учествувале во борбите во Сирија и Ирак и дека поддржувале терористички организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


