| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул и Ѓорчевска во победнички ритам

Димитар Грабул и Лина Ѓорчевска се во добар ритам и без проблеми ги надиграа противниците на тениските турнири во Коксид и во Брчко.

Грабул се пласираше во четвртфиналето на турнирот од фјучрс серијата вреден 10.000 долари во Коксид, Белгија, откако во два сета, со 6-3, 7-5 беше подобар од Германецот Ленард Ѕинга. Противник за настап во полуфиналето ќе му биде домашниот тенисер Џејмс јуниор Сторм.

Во Брчко, БиХ, успех забележа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која без проблеми се пласираше во втората рунда натпревари.

Ѓорческа во 1.коло на турнирот убедливо со 6-1,6-0 ја совлада Наталија Шипек од Словенија, па во следното коло ја очекува дуелот со домашната тенисерка Анита Хусариќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top