| четврток, 6 декември 2018 |

Во акцијата за апсење косовски терористи од ИСИЛ и Ал Каеда затворена и џамија

dzamija zvucki

За време на антитерористичката акација во Косово во која беа уапсени 40 косовски државјани под сомневање дека се дел од терористичката група ИСИЛ и од Џабати ал Нусра во Сирија (сириската Ал Каеда), косовската полиција затвори и џамија. Верскиот објект бил финансиран од бизнисмен, а активностите биле менаџирани од Селим Селими, брат на заменикот претседател на Самоопределување, Реџеп Селими.

Како функционирала џамијата?

Според, косовските медиуми, активностите на џамијата се одвивале во објект за перење коли „Ауто-Приштина“ менаџиран од Ислам Селими, исто така брат на Реџеп Селими.  Во оваа џамија проповедал имамот Бедри Робај.

– Вахабистите се измислен термин за да му наштети на исламот – вака им зборувал имам на верниците кои ја посетувале џамијата.  

– На почетокот неколку момчиња го побараа просторот за складирање помош за сиромашните. За време на ланскиот Рамазан, просторот им го дадов бесплатно, но подоцна тие почнаа да се молат и да ги зголемуваат барањата. Сега имам договор со момче кое се вика Фатос. Тој води бизнис за изнајмување автомобили „Тоси“, рекол Селими за косовските медиуми.

Просторот кој го корситела џамијата е околу 200 метри квадратни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top