Мајката на Драган Ѓуриќ, убиецот на 15-годишното девојче Тијана Јуриќ од Суботица, речиси до смрт ја претепала својата сосетка, Нада Хорват, пишуваат српските медиуми.
Тие биле сосетки и колешки, а еден ден кога Хорват со велосипед се довезла до работа Ѓуриќ ја повлекла за коса, ја соборила на земја и започнала да ја удира. “Зошто на мојот сопруг си му зборувала дека имам љубовник од селото?”, викала Ѓуриќ цело време.
-По овој настан речиси три години се лекував во болниците во Сомбор. Дури и ден-денес се потресувам кога ќе се потсетам на тој ден- раскажува Нада Хорват и додала дека сопругот на Макивија бил ужасно љубоморен маж. Таа има две деца кои се дружеле со Драган.
-Кога ќе видам низ што поминува и мене ми паѓа жал. Драган не беше лошо дете, баш би сакала да знам што се случило со неговата глава што го натерало на таков брутален начин да го убие тоа невино дете. Многу години го немам видено, иако соседите велат дека доаѓал. Видов негова фотографија дента кога беше уапсен, но да го видев во живо не знам дали би го препознала, многу се променил- изјавила Хорват.
Во меѓувреме полицијата ја проширила истрагата верувајќи врз основа на профилот дека ова не му е прво убиство.
Кон тоа медиумите ја додаваат и приказната на фитнес- инструкторката Тијана Јуриќ, која тврди дека лани на плажата на Ада Циганлија го истепала монструозниот убиец.
-Бев со другарките на Ада и лежев на лежалка кога покрај мене помина висок, крупен маж и ме плукна на ногата. Бев изнервирана и шокирана! Не можев да верувам! Без размислување земав една рака песок и ја фрлив на него. Иако го погодив директно во главата отј не се ни сврте, и само продолжи право – вели Наташа, која вели дека потрчала по него и почнала да го мава со се што стигне.
-Го удирав со рацете, по главата, не знам ни самата колку пати! Иако е значително повисок и покрупен од мене, ниту во еден момент не се одбрани- вели таа и оценува дека Џуриќ можел да и возврати, но тој бил евидентно слаб и кукавица која има проблем со жените.
-Уште од тогаш реков дека тој ќе силува или нападне некој жена, за жал бев во право- заклучува Наташа.
Драган Ѓуриќ е сместен во посебна ќелија во Окружниот затвор во Суботица. Го признал злосторството и одреден му е притвор од 30 дена додека трае судењето.
Судот во Суботица денеска ја одби жалбата на адвокатот на Драган Џуриќ, кој барал да биде пуштен на слобода. На монструмот му се заканува казна од 40 години затвор.
Убиецот беше уапсен ноќта помеѓу 6 и 7 август. Тој без ронка каење го призна грозоморното убиство кое го направил. Драган најпрво ја удрил со автомобил, потоа ја тепал, па ја силувал Тијана, а на крајот откако ја усмртил, ја закопал. Ладнокрвно, без каење и емоции тој ги однесе полицајците на местото каде ја закопал тинејџерката, и додека тие плачеа и повраќаа, тој гледал како ништо да не се случило.
Инаку, девојчето беше прогласено за исчезнато ноќта меѓу 26 и 27 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка