Според СВР Битола денеска околу 15.30 минути на магистралниот пат Битола Демир Хисар на местото викано Белимост кај селото Лисолај се случи тешка сообраќајна незгода меѓу два автобуси едниот со битолски, а другиот со крушевски регистраски ознаки, според полицијата битолскиот автобус се превртел по сударот во реката во близина. Според првичните инфомации нема жртви само повредени лица на кои веднаш им е укажана лекарска помош.
Од клиничката болница во Битола велат дека досега лекарска помош им е укажана на 20-тина работници во службата за итна помош и во болницата, пренесе битолската телевизија Тера.
Службите на итна помош од Битола и Демир Хисар на неколку пати ги донесоа работниците во битолската болница. Екипи на СВР вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот е пренасочен, велат од полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


