Минатата недела се појави информација дека популарната пејачка Ријана планира да купи некој британски фудбалски клуб.
Шпанскиот весник „Мундо депортиво“ открива дека се работи за Ливерпул бидејќи Ријана отсекогаш тврдела дека е голем навивач на „црвените“.
Според извори блиски до Ријана, девојката од Барбадос планира да основа фудбалска академија во својата земја, за потоа да се обиде да купи некој тим.
Ливерпул во моментов е во сопственост на „Фенвеј спортс груп“, а американската компанија која во ниту еден момент не навестила дека има намера да го продаде клубот, па така шансите познатата пејачка да застане на чело на „црвените“ се мали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


