Исмејана позиција, исмеана опозиција, хумор на сметка на новинари… ова е само дел од традицијата на Вевчани . Василичарски карневал, стар над 1400 години ги жигосува настаните и постапките на политичарите и на сите оние кои се дел од јавниот живот во Македонија и светот.
Градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески, вели дека маските се работа на маскираните и дека никој по традиција не може да им сугерира какви маски треба да имаат, ниту некој може да го режира целиот настан. Во Вевчани се може да запре и да го нема, но Вевчанскиот карневал не!
И оваа година тука беа традиционалните Зетот, невестата и Глупавиот Август со придружбата. Не беа изоставени ниту Вевчанските шмизли кои дефилираа на мотор, а не беше поштедена ниту Европската унија, која беше претставена со групната маска Разгаленото дете на Европа – Грција.
Денес карневалот завршува со церемонијалното палење на маските, како симбол на уништувањето на злото и прочистувањето на лошите духови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








