Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Марко беше супериорен во дуелот со македонскиот тенисер Томислав Јотовски и лесно победи во два сета со 6-1, 6-2 на турнирот од фјучрс- серијата во Нови Сад.
Јотовски не успеа да ги повтори добрите игри од претходните два турнири во Србија, во Валево, каде што играше финале, и во Сомбор и заслужено е елиминиран од Ѓоковиќ јуниор.
За македонскиот тенисер останува настапот во двојки на фјучрс-турнирот во Нови Сад со награден фонд од 10 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


