Сите студенти и потенцијални млади претприемачи од 18 до 30 години заинтересирани за почнување сопствен бизнис да аплицираат со бизнис план на јавниот повик, апелираше денеска министерот за економија, Беким Незири.
Повикот е објавен на 4 јули годинава, а ќе трае до 15 септември.
Како што најави Незири, најдобрите бизнис планови ќе добијат финансиска поддршка, прворангираниот 330.000 денари, второрангираниот 230.000 денари, третиот избран 130.000 денари, четврторангираниот 100.000 и петторангираниот 60.000 денари.
Петте наградени бизнис планови согласно јавниот повик треба да формираат претпријатие и за неговото регистрирање, посочи министерот, ќе ги искористат средствата од доделените ваучери.
– Малите и средните претпријатија имаат важна улога во генерирањето на економскиот раст и креирањето работни места. Основањето на малите фирми зависи од индивидуалците кои имаат идеја и се подготвени да преземат ризик за да ја реализираат. Поради тоа,
поттикнувањето на претприемачкиот дух е повеќе од неопходно ако се има предвид дека токму тие ѝ се потребни на секоја економија – истакна Незири.
Поддршката од Министерството за економија е дел од проектот „Биди креативен, почни свој бизнис“, кој се реализира во две фази. Првата, веќе заокружена, се однесуваше на избирање најдобри бизнис идеи при што, од 59 доставени, беа селектирани 40. Апликантите на овие бизнис идеи имаа можност да поминат обуки за реализирање на идеите во бизнис план.
Најмногу бизнис идеи, преку 50 отсто од пристигнатите, се од областа на информатичката технологија и занаетчиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Миноски: Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти доведоа до пад на економската активност
-
Задолжувањата растат вртоглаво: Владата и МФ се задолжуваат нови 56 милиони евра