СДСМ вечерва свика итна седница на Централниот одбор на партијата.
Од таму известија дека тема на седницата е постигнатиот договор, на кој опозицијата и власта, со посредство на еврокомесарот Штефан Филе, најдоа решение за надминување на политичката криза во земјата.
Меѓу другото, како што дознаваме од партиски извори, раководството на СДСМ ќе договара стратегија и за претстојните локални избори, откако лидерот Бранко Црвенковски денеска се согласил опозициските пратеници да се вратат во парламентот, да излезат на локални изобри на 24 март, а по завршувањето на локалните избори партиите може да разговараат за парламентарни избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



