Србинката Марија и Италијанецот Луиѓи побегнале од сопствената свадба за да присуствуваат на концертот на Цеца во Црна Гора.
– Да, побегнавме од својата свадба поради Цеца. Ние се запознавме на нејзин концерт во Нови Сад пред неколку години. Луиѓи слабо зборува српски, но одлично си поминавме на концертот – вели невестата Марија за српски „Ало“.
Цеца нивниот гест го нарече многу романтичен.
– Тоа е прекрасно. За мене е голема чест луѓе да напуштат сопствена венчавка и да дојдат да прослават на мој концерт. Тоа е многу романтично – вели Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.