Косовската полиција трага по 17 Албанци од Косово, кои, заедно со 40-те лица што беа уапсени вчера поради учество во конфликтот во Сирија, се осомничени дека се припадници на терористичките организации „Исламска држава“ и „Ал Нусра“, објавија денеска приштинските медиуми.
Водачот на оваа група, Бујар Брахими, за време на вчерашната полициска акција не бил пронајден во неговиот дом, пренесува весникот „Зери“.
Брахими, кој потекнува од Косовска Митровица, 508 дена бил припадник на група „Исламска држава“ во Сирија и е близок пријател на еден од водачите на оваа група Лавдрим Мухаџери. Во април годинава Брахими се вратил во Косово и веднаш почнал да ги агитира меѓу граѓаните да заминат и „да им се приклучат на останатите муслимани во џихадот“.
Брахими е на чело на листата од 57 лица осомничени за тероризам и за поттикнување тероризам. Тој, заедно со уште 16 осомничени, е во бегство, пренесуваат приштинските медиуми.
Во акцијата на полицијата беа затворени два објекта за кои постојат сомнежи дека биле користени за регрутирање на младите луѓе за заминување во Сирија. Станува збор за илегалната и инпровизирана џамија во зградата „Термокоса“ во населбата Дарданија во Приштина и за „Кулата на сирачињата“ во Превала, кои, според полицијата, биле зборните места за оваа терористичка мрежа.
Постојат сомнежи дека најголемиот дел од 40-те уапсени лица се бореле во Сирија и во Ирак во состав на терористичките организации ИД и „Ал Нусра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации