| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена мрачната тајна: Ѓуриќевата мајка сакала да ја убие комшивката

курир 3

Макивија Ѓуриќ, мајка на монструмот од Сурчин, Драган Ѓуриќ, кој е уапсен поради сомневање дека ја убил Тијана Јуриќ од Суботица, пред 20 години речиси на смрт ја претепала својата комшивка Нада Хорват, дознава српски „Курир“.

Нада Хорват раскажала дека пред многу години, Макивија Ѓуриќ ја нападнала и ѝ ја ударала главата од бетон и шутирала, само затоа што мислела дека Нада ја озборувала пред нејзиниот маж.

– Да, точно е дека Макивија речиси ме уби од тепање. Поради тоа тепање речиси три години се лечев во болниците во Сомбор и во Вршац. Имав потрес на мозокот, а и ден денеска ги трпам последиците од нејзиниот напад. Цела се потресувам кога ќе се сетам на тој ден – раскажала за „Курир“, Нада Хорват.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top