| четврток, 6 декември 2018 |

Петров или Шекеринска во Карпош, Стевче Јакимовски како кандидат на Србите?!

Андреј Петров е името со кое СДСМ, најверојатно, ќе излезе на избори во Карпош. Дилемата е дали оваа партија да излезе со Петров или со Радмила Шекеринска, дознава „Република“ од партиски избори. Одлуката на Стевче Јакимовски да оди на избори, спротивно на одлуката што СДСМ ја донесе на денот кога истекуваше рокот за поднесување на кандидатските листи, е причината поради која тој не влезе во комбинаториките на најголемата опозициска партија. Јакимовски кандидатурата за нов мандат во Карпош ја поднесе преку партијата на Драгиша Милетиќ.

Одлуката на СДСМ ќе биде донесена вечерва на итна седница на Централниот одбор на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top