Монотонијата на топлото и сончево време продолжува. Суво и жешко време се очекува во вторник.
Според метеопро.мк, максимална температура околу 35°С се очекува во северната половина на земјата, околу 33°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток, околу 37°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува сончево време. Минималната температура ќе се спушти до 19°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 36°С.
Во Охридско–Преспанскиот се очекува претежно сончево време. Максималната дневна температура ќе достигне околу 33°С.
Дојран очекува сончево време и не премногу топло време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 37°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


