| четврток, 6 декември 2018 |

Робин Вилијамс пронајден мртов!

Холивудската ѕвезда Робин Вилијамс е пронајден мртов во својот стан во северна Калифорнија. Според првите информации, актерот најверојатно извршил самоубиство. Вилијамс имаше 63 години.

Robin-Williams-G3AR

Безживотното тело на легендарниот комичар е пронајден во семејниот дом вчера попладне.

– Се бореше со сериозна депресија, изјави Мара Баксбаум, неговиот  претставник за печат.

Според американските медуми, причината за смртта била гушење, но полицијата и понатаму ги истражува околностите под кои почина актерот.

– Ова е трагична и ненадејна загуба. Семејството моли за почитување на приватноста во овие тажни моменти, навела Баксбаум.

Неговата сопруга Сузан Снајдер изјавила дека го загубила најдобриот пријател и „прекрасно човечко суштество“.

– Скршена сум. Ве молам да не оставите на мир да тагуваме и да се сеќаваме на него. Да не биде во прв план начинот на  кој умре, туку неброените моменти радост што им ги подари на милиони, рече таа.

robin vilijams

Последната порака на Вилијамс што ја оставил на интернет била фотографија со ќерката Зелда на Инстаграм, на нејзиниот 31 роденден.

Актерот со години се борел со депресија и зависност од дрога и алкохол. На рехабилитација заминал токму вчера.

Меѓу најпознатите филмски остварувања на актерската легенда се „Друштвото на мртвите поети“, „Добро утро, Виетнам“, „Добриот Вил Хантинг“ за кој беше награден со оскар и многу други…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top