
На 12 август од 11 часот во просториите на Инфоцентарот на ЕУ во Скопје, во организација на Националниот младински совет на Македонија (НМС), ќе се одбележи Меѓународниот ден на младите со трибина посветена на менталното здравје на младите. НМС и оваа година го означува меѓународниот ден на младите со организирање панел-дискусија на која ќе се разговара за важноста од грижата за менталното здравје на младите луѓе. Настанот ќе го отвори Чарлс Герет, амабасадор на Кралството Британија во Република Македонија, а на трибината ќе зборуваат: Кристијан Бундовски – EМСА Македонија, Деспина Стојановскса – психотерапевт, Дамјан Николовски – Y-PEER, претставник на Црвен крст на Македонија и претставник на Светската здравствена организација.
Оваа дискусија има цел и да ги претстави различните модели преку кои младите луѓе може да се вклучат во активности што можат да ги зајакнат нивните способности коишто директно значат и подобрување на нивното ментално здравје.
Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12 август. Неговото меѓународно одбележување почна во 1999 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Оваа година темата на меѓунардниот ден на младите е „Младите и менталното здравје“. Целта на овогодишното одбележување е намалување на стигмата кое е поврзано со сите оние млади кои имаат некаков проблем со менталното здравје, затоа што многу често оние млади кои се соочуваат со вакви проблеми се често етикетирани, а токму тоа всушност ги демотивира да побараат помош или поддршка.
Минатата година, Националниот младински совет на Македонија овој ден го означи со панел-дискусија за поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси и промоција на публикацијата „Чекори до национално младинско организирање“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


