| четврток, 6 декември 2018 |

(Вознемирувачко видео) Касерес настрада на чуден начин

Играчот на аргентинскиот клуб Њуелс Одл бојс, Марко Касерес доживеа непријатна и многу чудна повреда на лактот на левата рака, откако незгодно падна во дуел со еден од играчите на Бока јуниорс. На легендарната „Ла Бомбоњера“ се случи ретка повреда, а според првите информации за среќа не се работи за скршеница на раката, иако падот и повредата првично изгледаа многу лошо.

Њуелс го доби дербито против Бока со 1-0, со голот на тинејџерот Маурисио Тевез, кој не е во никакво сродство со познатиот напаѓач Карлос Тевез.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top