Островот Мадеира во Португалија повторно е избран за најубав во Европа.
„Ворлд травел авардс“ повторно го прогласи Мадеира за најубав остров во Европа поради неверојатната природа, природните базени од магматски карпи, преубавите карпи кои гледаат кон океанот и шармантните гратчиња.
Мадеира е најголемиот остров од истоимениот архипелаг, во кој се наоѓаат и Порто Санто и Десертас. Просечната температура изнесува 22 степени летно време и 18 во зима, што значи дека тука е речиси вечна пролет.
На островот има природни базени од магматски карпи, а бањите на Порто Мониз се всушност серија од природни базени, кои како да се стопуваат со океанот.
Мадеира е преполна со преубави плажи, каква што е Калета. Водата е чиста и мирна, совршена за пливање, нуркање и истражувње на морските длабочини, а популарни се и едрењето и параглајдингот.
Најдобар начин за истражување на островот е крстарењето со брод.
Секако и погледот кој се пружа од највисоките делови на островот е спектакуларен.
Архитектурата на најголемиот град на Мадеира, Фуншала изгледа преубаво гледано од морето. Во Фуншала има преубави стари цркви и шарени пазари.
Градот исто така е домаќин на најголемиот огномет, кој се организира за дочекот на секоја Нова година, а стигна дури и во Гинисовата книга на рекорди.
Карневалот во Мадеира е една од најголемите журки во Европа. Се одржува секој петок пред велигденскиот пост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа










