
Со средства обезбедени од Министерството за култура почнува реконструкцијата на покривот и покривната конструкција на Националната установа – Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.
Реконструкцијата на објектот, кој претставува центар на културата, уметноста, музиката и целокупното културно живеење на граѓаните од Неготино, ќе се одвива во две фази, соопштуваат од Министерството за култура.
Во рамките на првата фаза, која треба да биде завршена до крајот на годинава, ќе биде извршена реконструкција на покривната конструкција и на таванскиот дел над киносалата на објектот. Останатиот дел од покривот ќе биде реконструиран следната година во рамките на втората фаза.
Претходно Центарот за култура во Неготино доби и нов дигитален проектор, со што се овозможи реализација на киноприкажувачката дејност во овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


